Судот ја отфрли жалбата на Барселона, останува казната од пола милион евра

67

Судот за спортска арбитража во Лозана ја отрфли жалбата на Барселона на казната која и ја изрече УЕФА. Се работи за казна од 500.000 евра која „Каталонците“ ќе мора да ја платат поради кршење на правилата за Финансискиот фер плеј.
Барселона поднесе жалба во јануари, а судот сега ја отфрла. УЕФА го казни шпанскиот клуб поради лажни извештаи за 2022 година.
Во образложението на судот е наведено дека оваа казна е „блага“ ако се земат во предвид специфичните околности на овој случај.

ПретходноТурнирот на шампионите во Ријад: Синер и Алкарас за трофејот, Новак и Рафа за последен пат
СледноНедопирливи – победија на сите мечеви од своето формирање