Перфектен старт на Брестовац во Катар

127

Македонскиот тренер Данило Брестовац одлично ја започна сезоната во катарското првенство. Неговиот Ал Араби во првите четири кола запиша исто толку победи во тамошниот шампионат.

За одбележување е триумфот против Духаил, еден од трите големи катарски клуба, Брестовац и неговите момци славеа со 30:27. Во редовите на оваа екипа има дури 12 репрезентативци на Катар, кои би можеле да вкрстат со Македонија во вториот круг на претстојното Светско првенство во јануари.

Поранешниот македонски селектор ги порази уште и екипите на Катар клуб, Ал Шамал и Ал Сад .

Третопласираниот клуб од минатата сезона, Ал Араби и нашиот стратег Данило Брестовац се наметнуваат како сериозен кандидат за освојување на првенството во Катар.

Паузата во катарскиот шампионат е иницирана од селекторот на националниот тим на Катар, Веселин Вујовиќ кој го состави поширокиот состав за СП 2025. Селекцијата на Катар ќе се подготвува десет дена во Србија, а како база ја одбра Стара Пазова, па Белград.

ПретходноБолоња испушти предност од два гола во Џенова
СледноСериозна повреда на Велбек – падна на грб и беше изнесен на носилки