Фудбалерите на Фиорентина го декласираа Лече со 6:0 на гостински терен во натпреварот од осмото коло на италијанската Серија А. „Виолетовите“ попладнево им одржаа „фудбалска лекција“ на домаќините, а поразот на Лече можеби немаше да биде толку убедлив доколку дефанзивецот Антонино Гало не добиеше директен црвен картон во 43. минута.
Три бода на гостински терен обезбеди и Аталанта која ја совлада Венеција со 2:0. Стрелец на гол и асистенцијата беше Матео Ретеги. Најпрвин напаѓачот на Аталанта асистираше до Пашалиќ за водство на гостите во седмата минута, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелците во 47. минута.