Митровски со нов гол за Вараждин во најсилната хрватска лига (видео)

107

Македонскиот напаѓач Димитар Митровски беше стрелец на гол за Вараждин во триумфот над Горица од 2:1 во 10.коло на хрватската Прва лига. Митровски погоди во 19. минута откако налета на одбиена топка и со силен шут ја испрати во мрежата. Тој играше до 78 минута.
Тоа е негов трет гол сезонава во НХЛ. Неговиот Вараждин ја впиша четвртата победа и воедно ја прекина серијата од два порази. Горица е претпоследна.

 

ПретходноЌамили двоен стрелец во победата на Сондерјиске над Митјиланд
СледноПелистер го „среди“ и MKK Куманово за максимален ефект