ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

128

Александар Васоски уште еднаш покажа дека е еден од нашите најдобри фудбалски стратези. Успеа со својот Силекс среде Струга не само да го победи шампионот со 4:1 туку и максимално да го надигра, пред се на тактички план неговите момци просто воодушевија. Со овие три бода, но и со добрата серија во последните кола, сега Силекс се искачи на третата позиција на табелата со 17 бдови, пет помалку од лидерот Работнички и два помалку од втората Шкендија. Нема што, кратовци покажуваат дека оваа сезона имаат намера и тоа како да борат за висок пласман и за излез во Европа.

Јасно е дека со Васоски на клупата се е можно.

ПретходноТен Хаг: Уживам во пресметките со Мурињо!
СледноПарични казни и суспензија на домашен терен за Работнички и МЗТ по дивеењето на навивачите