Арда Ѓулер (19) во Јувентус?! Да, ако го читатате Х профилот на гигантот од Торино.
А таму убаво си пишува:
“Добредојде во Јувентус,Арда Ѓулер…“
Оваа објава секако дека предизвика доста контроверзи па и паника кај фановите на турскиот мега – талент, па и во цела Европа. Посебно ако се знае дека преодниот рок одамна е завршен.
Сепак ова не е вистина. Профилот на Јуве бил хакиран, па потоа беше објаснето дека ова било шега.
Јасно е дека Ѓулер во Реал чека поголема минутажа, јасно е дека речиси цела Европа ќе биде на нозе ако тој одлучи да си замине, ама тешко дека баш во Јуве би ја продолжил својата кариера.