Нејмар, кој ги скина вкрстените лигаменти на 19 октомври 2023 година, се врати на теренот после 367 дена. Репрезентативецот на Бразил влезе како замена во победата на Ал-Хилал со 5-4 на гостински терен над Ал Аин во натпревар од групната фаза од 3. коло во Лигата на шампионите на АФЦ.
Така Нејмар и друштвото се искачија на врвот во Западната група на турнирот, а ривалот е на само бод од претпоследното место. Првите 8 екипи ќе продолжат во фазата на директни елиминации.
The Brazilian Legend is back 🔙
𝐍𝐉🔟💙 @neymarjr pic.twitter.com/4IX5WRvNMW— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) October 21, 2024