Си може: Жозе во Истанбул престојува во хотел, досега само за ноќевање платил 171.000 евра!

531
Фото: Фенербахче/Твитер

Жозе Мурињо од јули е тренер на Фенербахче. Кога дојде просто го „запали“ Истанбул, но како што одминува времете неговиот сјај полека но сигурно како да бледнее ако се знае дека не успеа да се пласира во ЛШ, а и во домашниот шампионат засега резултатите не му се баш најдобри. А донесен беше да ја освои титулата која веќе одамна Фенер само ја сонува.

Интересно “Специјалниот“ и во Истанбул живее во хотел и тоа во еден од најскапите кој се наоѓа покрај Босфорот. Цената од ноќ е од 1.200 евра па нагоре. И ако се знае дека тој досега во Истанбул е 141 денови тоа значи дека само за ноќевање си платил 171.000 евра. Едноставно си може.

Инаку ова не е првпат Жозе да престојува во хотел, а не во вила или апартман. Тој кога беше и тренер на Манчестер Јунајтед престојуваше во хотел.

Како што е поознато Мурињо во својата кариера, покрај Фенербахче, бил тренер на Бенфика, Леира, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома, важи за еден од најдобрите тренери во историјата.

ПретходноКалин со пораз се врати по едногодишната пауза!
СледноСтоилковска со пресврт до победа во 1.коло во Хрватска!