Лазаров: На сите играчи им симнувам капа! Пелистер беше под своите можности!

1365

Алкалоид ја продолжи победничката серија во Супер-лигата, на сметка на актуелниот македонски првак, Пелистер ја запиша осмата победа и остана единствениот тим без пораз. За Алкалоид ова беше прва победа во еден меч од регуларниот дел, а трета вкупно во пресметките со фаворитот, славеше во Купот на Македонија и во Супер-Купот.

Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично во одбраната, тактички и физички беа максимално подготвениз а оваа средба, а според стратегот на тимот од Автокоманда овој дуел е еден од најдобрите до сега.

„Вистинско дерби, одигравме многу квалитетно, ова е можеби една од нашите најдобри партии. Еурофарм Пелистер, беше под своите можности, не знам дали можеби и ние придонесовме за тоа или се малку уморни од натпреварите во Лигата на шампионите. Јас сум го играл ова и знам дека не е лесно, да се игра ваков натпревар, а веќе со мислите да си и на дуелот со Веспрем. Ние имаме максимална почит кон нив, нивниот цел тим.
Среќни сме и задоволни, реков уште по натпреварот со Клаипеда, задоволен сум од тоа како функционираме. Некој ја чувствува и вреднува таа победа, некој не, но јас почувствував дека тоа е тоа. Се одморивме, се потспремивме за ден – ден и пол.
На сите играчи им симнувам капа, на сите како тим. Им кажав дека не ми е важно кој ги постигнува головите, важно е да функционираме како тим. И засега е така и се надевам дека ќе продолжиме така“, ни изјави Лазаров по мечот.

ПретходноАнгеловски поднесе оставка, Пелистер во потрага по нов тренер
СледноВардар 1961 во тешка ситуација, Порто со цел плен од Скопје (ФОТО)