Миовски и Џирона со прва победа во ЛШ, шок за Јувентус, перфектна Астон Вила

266

Екипата на Џирона ја впиша прват победа во својата клупска историја во најквалитетното европско клупско натпреварување. Вечерва на „Монтоливи“ е совладан словачкиот првак Слован Братислава со 2:0. Победата можеше да биде поубедлива ако Стуани погодеше од пенал во финишот.
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски почна од клупата, а влезе во игра во 24 минута по повредата на Иван Мартин. Гутиерез го доведе шпанскиот тим во предност во 42 минута.
Миовски имаше одлична шанса во 54 минута, а неговиот удар со глава го одбрани Такач.
Предноста од 2:0 домашните ја обезбедија во 73 минута. Хуанпе изведе слободен удар, а топката удри во некои од противничките играчи го смени правецот и заврши во голот. Во 88 минута голманот на Слован му го одбрани пеналот на Стуани.

А Астон Вила ја запиша и третата победа во ЛШ. По победите над Јанг Бојс (3:0) и Баерн (1:0), вечерва на домашен терен ја совлада и Болоња со 2:0. Супер старт на тимот од Бирмингем кој се враќа во елитата по долго време, а по три кола нема примено гол.
Мек Гин и Дуран ги постигнаа головите во второто полувреме.

А Јувентус на свој терен е поразен од Штутгарт. Голот падна во финишот на мечот и го постигна Туре. Претходно гол на Мален (Штутгарт) беше поништен поради игра со рака, а во вториот дел Милот промаши пенал.

РЕЗУЛТАТИ
МИЛАН – БРИЖ 3:1
МОНАКО – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 5:1
АРСЕНАЛ – ШАХТЈОР    1:0
АСТОН ВИЛА – БОЛОЊА    2:0
ЏИРОНА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА   2:0
ЈУВЕНТУС – ШТУТГАРТ   0:1
ПСЖ – ПСВ     1:1
РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА ДОРТМУНД     5:2
ШТУРМ – СПОРТИНГ 0:2

Standings provided by Sofascore
ПретходноВардар 1961 во тешка ситуација, Порто со цел плен од Скопје (ФОТО)
СледноСупер фудбал на „Бернабеу“, Реал ја растури Борусија иако по првиот дел губеше со 0:2