Кошаркарите на Селтикс ги добија шампионските прстени (видео)

46

Со мечот меѓу Бостон и Њујорк беше отворена новата сезона во НБА лигата. Пред мечот кошаркарите на Бостон ги добија шампионските прстени како најдобри за изминатата сезона. На „ТД Гарден“ осамна банер со бројката 18 колку што е бројот на титули на клубот во историјата на НБА лигата.
18-те дијаманти на надворешната рамка ги претставуваат 18-те шампионати на франшизата, а 84-те точки дијаманти на страничната рамка го претставуваат процентот на победи на Селтикс во плејофот во текот на нивната шампионска сезона.
На внатрешната рамка, има 16 дијаманти што ги претставуваат вкупните победи во плејофот за 2024 година.
Резултатите од плејоф серијата од 2024 година се наведени на внатрешната страна на прстенот.
На прстенот стои и комбинираниот рекорд за сезоната на Бостон Селтикс 2024 година (80-21).
Прстенот го содржи името и бројот на играчот и ушт многу други детали.

ПретходноЕксклузивно најавено, па потврдено: Марсио Мерт Нобре е новиот тренер на Гостивар! (ФОТО)
СледноБостон постави рекорд на отворањето на сезоната и го демолира Њујорк