Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол во победата на Наполи против Асколи во пријателски натпревар. На полувреме резултатот беше 1:1, а во 61. минута влезе Елмас на местото на Фабијан Руиз и со првиот контакт со топката ја затресе противничката мрежа.
Наполи го доби мечот со 2:1 што е нивна четврта победа во подготвителниот период. Претходно Наполи го совлада Баерн со 3:0, Про Верчели со 1:0 и нисколигашот Анауниа со 12:0.










