АБА2-лига: Работнички посакува прва радост, МЗТ по враќање на старите навики

80

Два од трите македонски претставници во АБА2-лига денеска ќе го одиграат третиот меч во ова натпреварување. Работнички и МЗТ Скопје по дерби дуелот во домашниот шампионат се вртат кон второлигашката јадранска конкуренција.

„Црвено-белите“ на домашен терен го пречекуваат составот на Босна, мечот е закажан во 18 часот. Избраниците на Горан Самарџиев имаат два порази, па сонуваат за прва радост.

“Играме против поранесшниот европски првак Босна која има големи амбиции оваа година во АБА2 лигата. Ќе гледаме да ги исправиме грешките од последниот натпревар и максимално да го искористиме домашниот терен. Ќе ни треба максимално залагање и концентрација 40 минути. Нека победи подобриот“, изјави Самарџиев.

МЗТ Скопје пак во ова натпреварување го има горчливото искуство од Загреб каде беше поразен од Цедевита Јуниор, па вечерва (20 часот) против Хелиос на домашен терен ќе се обиде да се врати на стартите навики.

„Играме против исклучително квалитетна екипа, за што доказ се стартните две победи. Се подготвуваме максимално и ако одиграме на очекуваното ниво тогаш ќе бидеме многу блиску до целта. Згора на тоа, играме на домашен терен, каде сум сигурен ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи, кои ги повикувам да дојдат во што е можно поголем број. Сигурен сум дека со нивна помош ќе успееме да им се вратиме на победите во АБА2 и ќе направиме голем исчекор кон пласманот во вториот круг“, смета Васко Атанасов. 

ПретходноАЛКАЛОИД продолжува со победи на Европскиот шаховски клупски куп
СледноПрошетка низ Градскиот Парк пред заминувањето за Романија (ФОТО)