Нашиот најтрофеен клуб по цели 18 години ќе „презими“ во Купот. Вардар со победата над Тиквеш денеска на Арената со 2:0, во меч од 1/8 финалето се пласира во четвртфиналето, а ако се знае дека тоа се игра напролет, тогаш јасно е дека “црвено – црните“ ќе презимат во нашето најмасовно клупско натпреварување.
Жибрил Дианеси е херојот на Вардар, уште еднаш ја покажа сета своја класа и со два гола просто го “поздрави“ Тиквеш, освојувачот на пехарот кој предвреме се прости од титулата.
Кавадарчани има за што да жалат, имаа свои шанси, но Вардар во манир на голем клуб знаеше да ги казни сите грешки на гостинот, Дианеси знаеше што треба да прави кога е најпотребно и сега се радуваат фановите на Вардар а тагуваат кавадаречките.