Кошаркарите на актуелниот македонски првак одиграа уште еден тежок меч во АБА2-лига во кој победникот се решаваше во последната четвртина, а како победник излезе Хелиос кој од Скопје си заминува со триумф од 70-72 во меч од третото коло. Ова е втор пораз во низа за избраниците на Васко Атанасов, втор меч на кој имаа шанса за радост, но не ја искористија.
„Сино-белите имаа позитива од плус седум на стартот (58-51) и не ја искористија доволно, па гостите успеаја да се дојдат на минус два 64-62 во 36-та минута. Хелиос не застана тука, две минути подоцна го врати водството на дуелот 67-68, Атанасов повика тајм-аут. Едвин израмни на 68-68, на другата страна гостите веднаш поентираа. Беше вистинска драма во самиот финишот во која Хелиос дојде до минимална позитива од два коша од 70-72, на другата страна Баковиќ не успеа со тројка да донесе пресврт.
Претходно гостите на одморот имаа позитива од 30-34 по првите 20 минути. Во третата четвртина избраниците на Васко Атанасов го подигнаа нивото, беа подобри со 25-15 за 55-49 на стартот на последните десет минути.
Брендон Слај со 20 поени беше најпрецизен кај МЗТ, на другата страна Урбија постигна 14 поени.