Вчера со мечевите од 11.коло во нашата елитна лига, заврши првиот круг во тековната сезона. Познато е дека Работнички е лидер со 23 бода, додека на делба на второто место се Шкендија, Силекс и Гостивар со по 20 бода.
Веќе во среда (30.10.2024) од 13 часот, се играат мечевите од 12.коло со што стартува вториот круг од тековната сезона.
Јасно е дека дербито се игра во Кратово каде играат Силекс и Работнички. Екипи кои во самиот врв на табелата.
На останатите средби се среќаваат Вардар – Брера, Шкендија – Беса, Тиквеш – Струга ТЛ, Гостивар – Пелистер и Воска – Шкупи. Во недела (03.11.2024) се играат средбите од 13 коло а во центарот на вниманието е “Дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар кое се игра под светлоста на рефлекторите на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола.
Инаку утре се играат сите мечеви од 10.коло во ВМФЛ.