Потврдено: Ќе свети во Битола! Пелистер – Вардар од 19.00 часот!

1289

И официјално и дефинитивно. “Дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар, меч од 13.коло во ПМФЛ закажан за во недела (03.11.2024), ќе се игра под светлоста на рефлекторите. Овој меч и официјално е закажан за во 19.00 часот кој се игра на “Петар Милошевски“ во Битола.

Она што беше најавено од денеска и е официјално. А тоа е дека најголемото дерби во мак – фудбалот, она меѓу Пелистер и Вардар за првпат ќе се игра под рефлектори кога Битола е домаќин.

Токму на овој меч свечено ќе бидат пуштени во употреба рефлекторите на стадионот “Петар Милошевски“ кој полека, но сигурно добива нов, убав лик.

Па така во недела сите на стадион, ќе свети во Битола.

Спектакл…Пелистер против Вардар, “Чкембари“ против “Комити“ за фудбалски уживање.

ПретходноЕве како Видал им се смее на “кралевите“: 1, 2, 3, 4…. (ВИДЕО)
СледноСкандал во Франција: Еве зошто мечот Лион – Оксер може да се преигра!