Денеска Ерик тен Хаг ја напушти функцијата главен тренер на Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми веќе ги објавија главните претенденти за тренерското место. Според информацијата од клубор, Холанѓанецот Руд ван Нистелрој ќе стане в.д.менаџер, се до објавувањето на новото трајно решение.
Според некои шпекулации кои се појавија денеска, има неколку сериозни кандидати за наследник на Тен Хаг. Во прв ред тука се селекторите на Англија, Томас Тухел и на Германија, Јулијан Нагелсман. Покрај нив, управата на „црвените ѓаволи“ преговара и со екс-тренерот на Барселона, Чави, тренерот на Брентфорд, Томас Френк и Еди Хау од Њукасл.
Тен Хаг беше назначен за тренер на Манчестер Ј. во април 2022 година и го предводеше клубот до два трофеи, освојувајќи го Купот Карабао во 2023 година и ФА Купот во 2024 година.