Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Шпанија, Родри пред една недела разбрал дека треба да отпатува за Париз на церемонијата за доделување на Златната топка. Според извори блиски до „Франс Прес“, фудбалерот и денеска не е сигурен дека ќе стане освојувач на Златната топка, затоа што таква информација до него не е дојдена.
Претходно во медиумите се појави информација дека ниту еден од претставниците на Реал Мадрид нема да присуствува на церемонијата во Париз. Одлуката за бојкот на настанот е поради тоа што бразилското крило Винисиус Жуниор нема да ја добие наградата.
Златната топка ќе биде врачена вечерва на церемонија во театарот Шатл во Париз.