Она што се очекуваше сега веќе е и официјално. Имено мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој беше закажан за в сабота од 21 часот е одложен. Причинате се познати. Неверојатните поплави и катастрофата која го зафати овој град едноставно не дозволуваат овој меч да се одигра. Посебно ако се знае дека стадионот “Местаља“ деновиве служи за други намени, па така засега на никого не му е до фудбал.
Одложени се и други спортски активности и натпревари во други лиги, а одложен е и мечот во Ла Лига меѓу Виљареал и Рајо Ваљекано исто така од 12.коло како и дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид.