Прва радост за Фит Фан Волеј, триумф на гости во Струмица

129

Скопскиот состав Фит Фан Волеј направи изненадување славејќи во Струмица против актуелниот вицепрвак во најинтересниот меч од 3. коло во домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција. Фит Фан Волеј одигра одличен меч ис о максимален резултат ја оствари првата победа сезонава.

Во рамките на преостанатите три меча, фаворитите беа безмилосни. максималниот скор победи го задржаа шампионките Работнички, но и екипите на Наковски Волеј и Јанта Волеј.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 3. КОЛО

Струмица – Фит Фан Волеј 0:3 (23:25, 16:25, 17:25)

Работнички – Младост УГД 3:0 (25:21, 25:16, 25:16)

Наковски Волеј – Ускана 3:0 (25:14, 25:15, 25:13)

Јанта Волеј – Вардар ЕМ 3:0 (25:20, 25:14, 25:22)

TАБЕЛА: 1. Работнички (9), 2. Наковски Волеј (9), 3. Јанта волеј (9), 4. Струмица (3), 5. Фит Фан Волеј (3), 6. Вардар ЕМ (2), 7. Ускана Волеј (1), 8. Младост УГД (0).

ПретходноКлоп за Рамос: “Дали тој навистина е добар човек? Не го сфаќам тој менталитет, сум немал такви играчи!“
СледноФермин во Барса со 2029 година