ПМФЛ: Работнички и Шкендија во битка за врвот, шампионот на гости кај Беса, „жешко“ ќе биде на Чаир и во Струмица…

140

Денеска се играат сите мечеви од 13.коло во ПМФЛ. Јасно е дека мега – дербито се игра во Битола од 19 часот, додека сите останати средби се закажани за 13 часот.

На Арената во Скопје се среќваат првиот и вториот на табелата, Работнички (24 бода) и Шкендија (23). Кој ќе победи по ова коло ќе биде лидер, а ако биде нерешено тогаш тимот од Дебар Маало и натаму ќе биде единствено непоразен тим сезонава и секако и натаму ќе биде лидер.

Капитенот на Работнички, Егзон Белица во пресрет на денешната средба истакна:
Денеска нѐ очекува нов дерби натпревар. Шкендија е квалитетен тим, ја заслужува нашата максимална почит, но ние сакаме победа и три бода. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ја наметнеме нашата игра и ги испочитуваме плановите на стручниот штаб, се надеваме дека на крајот ќе се радуваме“ истакна дефанзивецот на лидерот.

Во таборот на Шкендија сите се свесни какво значење има оваа средба на Арената. Го респектираат Работнички, но посакуваат добар резултат.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text that says '? Ecolog Ecolog JAKO'

Аденис Шаља за овој меч има свое видување:

Ќе се соочат двете екипи кои досега мислам дека се најдобри во првенството. Ова го кажувам врз основа на играта што ја имаме досега, и Работнички и ние. Не треба да имаме никаков притисок, треба да размислуваме само позитивно и се надеваме дека од оваа средба ќе излеземе победници“ посочи офанзивецот на тетовци.

На Чаир се среќаваат Шкупи и Гостивар, јасно е дека се очекува супер интересна пресметка. Бодовите им се потребни и на двете екипи и тоа како.

Струга ТЛ гостува кај Беса. На последните два меча шампионот освои 4 бода и со победа денеска и дефинитивно се вклучува во битката за самиот врв на табелата.

Во Струмица играат Брера и Силекс. Тоа се екипи кои можат секого да победат, но можат и од секого да загубат. Тоа е мегдан на двајцата тренери Михаилов (Брера) и Васоски (Силекс) кои во минатото со успех ги предводеле денешните противнички екипи.

И во Охрид домашната Воска го дочекува Тиквеш. Кавадарчани од фаворит за највисок пласман се најдоа сега во битка за опстанок. Бодовите се многу значајни и за Воска и за Тиквеш, посебно за кавадарчани кои заборавиле кога последен пат победиле.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Охрид: Воска – Тиквеш

Скопје: Шкупи – Гостивар

Битола: Пелистер – Вардар (19 ч)

Струмица: Брера – Силекс

Скопје: Работнички – Шкендија

Гостивар: Беса – Струга ТЛ

ТАБЕЛА

Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга ТЛ 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8…

ПретходноКарло Анчелоти брутално искрен со Арда Ѓулер, му посочи зошто не игра!
СледноБањаја го победи Мартин и закажа спектакл во Барселона!