Штип УГД и Струмица со максимални победи, Борец во пет сета подобар од Работнички

65

Без поголеми проблеми, одбојкарите на Струмица и Штип УГД дојдоа до нови победи во домашниот одбојкарски шампионат. Струмица на домашен терен беше пресилна за Вардар, додека Штип триумфално замина од гостувањето кај Јанта Волеј во Скопје.

Во ова коло најмногу неизвесност понуди дуелот меѓу Работнички и Борец, кој на крајот му припадна на велешкиот состав по пет одиграни сета. Борец продолжува со четири победи во низа.

Прва радост сезонава и за одбојкарите на Лирија кои беда подобри од Весна Пробиштип.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 4. КОЛО

ЈАНТА ВОЛЕЈ – ШТИП УГД 0:3 (7:25, 10:25, 17:25)

ЛИРИЈА – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:0 (25:19, 27:25, 25:17)

СТРУМИЦА – ВАРДАР 1947 3:0 (25:19, 25:19, 25:15)

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЏИО 3:0 (25:11, 25:19, 25:12)

УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – СКОПЈЕ 3:0 (25:16, 25:17, 25:19)

РАБОТНИЧКИ 71&22 – БОРЕЦ 2:3 (25:15, 16:25, 19:25, 25:20, 13:15)

СУШЕВО 1978 – слободен

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (12), 2. ГОК Борец (11), 3. Шкендија (9), 4. Работнички 71&22 (7), 5. Струмица (6), 6. Универзитет во Тетово (6), 7. Вардар 1947 (5), 8. Лирија (4), 9. Скопје (4), 10. Македонија Џио (3), 11. Сушево (1), 12. Весна Пробиштип (0), 13. Јанта Волеј (0).

ПретходноАстон Вила поведе, па Тотенхем ја растури со 4:1 (ВИДЕО)
СледноСалах со уште еден импресивен подвиг на Островот