Бегалецот Мотли не е во Белград, туку се вратил во САД

667

Откако деновиве во фокусот на европската кошарка беше името на Џонатан Мотли и неговото исчезнување од екипата на Хапоел Тел Авив, денеска стигнаа информации за неговата моментална локација.

За израелскиот тв-канал „Спорт 5“, адвокатот на „бегалецот“ потврди дека Мотли во моментов се наоѓа во САД во градот Хјустон. Според информациите, Мотли бара раскин на договорот со израелскиот тим, за да може да се пресели во друг клуб.

Мотли во Хјустон ќе ја чека конечната разврска на ситуацијата со Хапоел и одлуката на ФИБА, која ќе треба да го донесе конечниот суд по прашањето за прекин на соработката.

 

ПретходноНаместо победа – МЗТ Скопје со пораз се враќа од Домжале!
СледноЛШ: Миовски и Џирона потопени во Ајндховен, Ристовски и Адеми славеа во Братислава (ВИДЕО)