Марианела Кањи (21) стана ѕвезда на социјалните мрежи. Аргентинката со солзи и плач од преголема радост, качена на оградата со бодликава жица, го прослави големиот успех на својот омилен клуб Расинг Клуб, односно победата над Коринтијас од 2:1 и пласманот во финалето на Копа Судамерикана, по цели 32 години.
Видливо е тоа што таа се здоби со повреди од бодликавата жица по телото, и протече и крв, но љубовта кон Расинг е поголема од се.
Вака се сака и вака се навива за својот клуб.
Marianela Cagni con @geglobo: "Estaba tan emocionada que lo único que quería era ser un pájaro y volar para poder ver todo lo que pasaba. Y como no puedo volar, me subí al alambrado. Olvidé el miedo y viví mi mejor momento".pic.twitter.com/aQ0joCsSZK
— Tito (@LaPizzuti_) November 4, 2024