Капитенската лента за Филип Кузмановски

136

Филип Кузмановски ја доби довербата од селекторот, Кирил Лазаров. Во отсуство на искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски, кој за двата квалификациски меча против Естонија и Литванија за пласман на ЕП 2026 година се најде на списокот за резерви, капитенската лента му припадна на популарниот Фитиљ.

Кузмановски во последните години се наметна како лидер, а капитенската одговорност не е непозната за него, тој веќе оваа одговорност ја има во Пелистер. Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ против Естонија ги отвара квалификациите за пласман на ЕП 2026 година, за четири дена и гостува на Литванија.

ПретходноПоследната Мото ГП трка место во Валенсија ќе се вози во Барселона
СледноНов проблем за Анчелоти: Реал еден месец без Чуамени