Македонската машка ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за пласман на ЕП 2026 година, откако на домашен терен славеше против Естонија со 37-33 (20-20).
„Црвено-жолтите“ почнаа добро, но не го задржаа темпото. Наместо лесна победа, избраниците на Кирил Лазаров добро се намачија. Естонците се како опомена дека не смее да се потцени никого, мора да се одигра на високо ниво сите 60. минути. Оваа нова генерација ќе мора што поскоро да ги впие овие моменти и храбро да чекори кон сите предивици со кои ќе се соочат во националниот дрес.
Играта можеби е за заборав, но победите се бројат, а лекциите се учат.
Нашите момци ги чека нова задача во мисијата ЕП 2026 година, во недела и гостуваат на Литванија.