Ракометниот суперлигаш Тиквеш денеска доби ново засилување. Како што објавија од кавадаречкиот состав, ново засилување на Тиквеш е Даниел Андоновски, кој доаѓа како освежување на левата бековска позиција.
Станува збор за ракометар кој во Македонија се враќа од екипата на Врање, а претходно играше и за Охрид, Прилеп и Вардар Јуниор.