Словенците не дозволија изненадување, лесна победа над Литванија

156

Словенија оствари убедлива победа од 36:25 над селекцијата на Литванија во рамките на 1. коло од квалфикациите за ЕП 2026 година. И двете селекции се во иста група со нашата репрезентација, која вчера во Скопје со победа над Естонија ги почна овие квалификации.

Литванците кои ќе бидат втор противник на момците на Кире Лазаров веќе викендов, денеска се чини немаа реални шанси за изненадување кај фаворитот во групата. Словенија на пауза имаше предност од 17:15, но во вториот полувреме со фуриозна игра уште во првиот дел од второто полувреме ги откажа гостите.

Макуч и Влах со по 7 гола беа носители на играта и на победата на Словенија, додека кај Литванија Маласинскас и Думчиус завршија како најдобри стрелци со по 5 постигнати гола.

ПретходноЛетонија со само едно ново име доаѓа на мечот со Македонија во Скопје
СледноУкраинките доминираа во Скопје, трет пораз на кошаркарките