Онана: Сакаме Ван Нистелрој да остане, но ние не одлучуваме

159

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат привремениот тренер Руд ван Нистелрој да остане во тимот и по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, потврди голманот Андре Онана . Холанѓанецот го презеде местото откако Ерик тен Хаг доби отказ и ги предводеше „црвените ѓаволи“ до победа од 2-0 над грчки ПАОК во Лига Европа синоќа. Тој ќе седи на клупата на Јунајтед и викендов против Лестер во рамките од Премиер лигата по што ја предава функцијата на Рубен Аморим.

Запрашан во интервју за ТНТ Спортс дали играчите на Јунајтед сакаат да продолжат да работат со Ван Нистелрој, голманот на Јунајтед рече:

„Мојот одговор е 100%. Тој е многу добар човек и многу добар тренер. Неговото искуство ни помага и ние сме среќни под негово раководство. Тоа не е нешто што можеме да го решиме тоа е она што ќе го направи менаџментот, а ние само треба да го прифатиме тоа“ – изјави Онана.

 

ПретходноБобан Илиоски е најдобар во Европа
СледноИзраел ги лоцираше сите нападнати навивачи во Амстердам