Откако синоќа дел од навивачите на Макаби Тел Авив беа нападнати во Амстердам по мечот против Ајакс, и откако Израел испрати свои специјални единици за да ги спасат, денеска дефинитивно сите се лоцирани и се на сигурно, велат извештаите од главниот град на Холандија.
Несаканите настани добиваат каков таков среќен крај откако и самиот министер на Израел за надворешни работи Гидеон Сар отпатува за Амстердам за да учевствува во реѓавањето на ситуацијаата.
„Лоцирани се сите Израелци во Амстердам со кого синоќа немаше контакт“ – стои во соопштението на Министтерството за Надворешни работи на Израел.
Како и зошто дојде до нередите сеуште не е јасно, а неколкумина навивачи завршија во болница. Исто така, властите во Холандија, направија напори да ги сузбијат сите про палестински демонстрации пред за време и по натпрерварот.