Лазаров: За да победиш на гостински терен – мора да одиграш квалитетно!

300

Македонската ракометна репрезентација оди по втора победа во квалификациите за Европското првенство 2026 година. Кирил Лазаров и неговите момци денеска (17 часот) на гостински терен ќе ги одмерат силите со Литванија.

Станува збор за противник против кого Македонија претходно нема дојдено до победа. Иако историјата е на страната на домашниот тим, сепак нашата селекција влегува како фаворит. А предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров и овој пат е претпазлив. Според него квалитетна игра во сите 60. минути е клучот кон победа.

„Очекувам тежок натпревар. Како национален тим никогаш немаме победено со оваа селекција. За да победиш на гостински терен навистина треба да одиграш квалитетен натпревар. Верувам во тимот дека ќе биде на ниво. Мораме да бидеме константни во сите 60 минути доколку сакаме позитивен резултат. Во секој момент треба да имаме контрола на натпреварот и да знаеме и да препознаваме ситуации кои би не однеле до позитивен резултат“, ни изјави Лазаров пред мечот.

Во составот на Македонија за оваа средба има само една измена од првиот против Естонија. Иван Галевски е на местото на Мартин Томовски.

ПретходноМиленикот на Анчелоти пред трансфер во Ливерпул
СледноНова историја: Македонија има кадетски европски вицепрвак во таеквондо