Дербито на балканските ѕвезди во НБА-лигата му припадна на Никола Јокиќ кој во драматична завршница со неговиот Денвер славеше против Лука Дончиќ и Маверикс со 122:120.
Далас водеше со 120:118 со поените на Кајри Ирвинг на 1:39 минути пред крајот, но потоа Јокиќ израмни. Следуваше шутот на Ирвинг за победа, но по промашување топката ја зафати Јокиќ, а во продолжението на акцијата Мајкл Портер погоди за победа на Денвер над Далас во дербито на Западот.
Никола Јокиќ одигра уште една сензационална партија. Со 13/21 шут од поле постигна 37 поени. Ги погоди сите три тројки, а перфектен беше и линијата за слободни фрлања 8/8. Беше убедливо најдобар скокач (18) и додавач (15) на натпреварот, а додаде и три украдени топки. Ова е шести трипл-дабл за Јокиќ во само десет натпревари оваа сезона.
Три факти се особено фасцинантни: За Јокиќ оова е четвртти трипл-дабл по ред, а во сите тие партии постигнуваше такви резултати по три четвртини. Конечно, трипл-дабловите на Јокиќ вообичаено се над 20 поени, додека во последно време има просек од 15 скока и асистенции.
Јокиќ не само што го Дончиќ, кој постигна 24 поени (9/19 од поле) со 9 скока и асистенции, туку и Ирвинг, кој беше најефикасен на натпреварот со 43 поени и со одлични 17/22 од поле, а придодаде и 7 скока, по две украдени топки и блокади. Но, тоа не беше доволно против нереалниот српски МВП и неговите помошници Мареј, Портер, Вотсон и Браун.
Денвер Нагетс – Далас Маверикс 122:120
Феникс Санс – Сакраменто Кингс 118:127 (прод)
Филаделфија 76ерс – Шарлот Хорнетс 107:105 (прод)
Орландо Меџик – Вашингтон Визардс 121:94
Минесота Тимбервулвс – Мајами Хит 94:95
Оклахома Сити Тандер – Голден Стејт Вориорс 116:127
Портланд Трејл Блејзерс – Мемфис Гризлис 89:134
Лос Анџелес Лејкерс – Торонто Репторс 123:103










