Литванците го одредија составот за двомечот со Македонија

142

Селекторот на Литванија, Римас Куртинаитис го објави конечниот список на кошаркари за двомечот со Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Осум играчи играат во литванските тимови, додека само четири се интернационалци.

На списокот на новиот предводник има само еден член на Жалгирис, а тоа Лукас Лекавичиус кој не добива шанса оваа сезона. Од редовите на Литвас Ритас има петмина кошаркари, додека пак од интернационалците ќе бидат Олисевичиус и Бенџиус кои играат во Италија, Еходас во Турција и Кузминскас од АЕК.

ПретходноЛетниот сон на Мадрид – четири асови за нов Реал
СледноРодри: Винициус не ми честиташе за Златната топка, а не ми е ни гајле