Лисандро Мартинез поради повреда се врати во Манчестер

78

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед поради повреда на бутниот мускул нема да биде во можност да и помогне на репрезентацијата на Аргентина на претстојните мечеви. Светскиот првак има два дуели ба програмата оној против Парагвај на гости и против Перу на домашен терен, но истите ќе мора да ги одигра без дефанзивецот на Јунајтед.

Тој веќе се враќа назад во Манчестер каде што во клубската база ќе се опоравува до следниот дуел на клубот.

Мартинез се повреди на мечот против Лестер. Следниот меч на Јунајден е оној против Ипсвич во Премиер лигата на 25 ноември, а дотогаш Мартинез би требало да е во ред.

ПретходноЛигата на Нации ја стартуваме против Косово
СледноНемаше пенал за Интер, судијата ќе добие санкции