Така тоа го прават големите клубови…. Динамо на Атлетико Мадрид му продава двоец за преку 40 милиони евра

1664

Нема дилеми дека Динамо Загреб е најдобриот фудбалски клуб на овие простори. „Модрите“ се константно дел од Лигата на Шампионите, собираат пгромен на бодови, коефициентот расте, веќе не мора да играат ниту квалификации, а контото во банка е се подебело и подебело.

Истото за многу кратко време може да биде уште подебело за четириесетина милиони евра. Причина за тоа е потенцијалниот трансфер на двоецот тинејџерски сензации, Мартин Батурина и Петар Сучиќ кои се најдобрите фудбалери на Динамо во моментов, а со оглед на нивната возраст и секако највредни.

Динамо во нив гледа како на „суво злато“, и само ја чека вистинската понуда за трансфер. А таа пак, очигледно доаѓа од Шпанија, поточно од Мадрид, каде што овие двајца се и тоа како „жешка“ тема. Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне, се загреани за двоецот на Динамо и не прашуваат за цена што се вели.

Од она што е познато е дека Динамо за Батурина и Сучиќ одби 15 односно 10 милиона евра, што ќе рече дека прифатлива цена за тимот од „Максимир“ не би била сума под 40 милиони евра.

Тоа значи дека Динамо во периодот кој следува и тоа како ќе го уновчи својот двоец мулти талентирани и пред се квалитетни офанзивци кои веќе се дел и од А репрезентацијата на Хрватска.

 

ПретходноБарди неизвесен за настап на дуелот со Летонија
СледноРепрезентативците го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со Летонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)