Бен Вајт паузира шест недели

38

Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт ќе паузира повеќе од еден месец поради мини оперативен зафат на коленото. Репрезентативната пауза е искористена во таборот на „Топџиите“ за да се санира повредата на Вајт која што го мачи веќе извесен период.

Самиот стопер кажа дека игра со болки некое време и одлуката повредата да се санира за време на репрезентативната пауза очигледно е правилен потег.

Арсенал периодов го погодија голем број на повреди, а последни во редот се Деклан Рајс и Букајо Сака кои откажаа настап за репрезентацијата на Англија токму поради болки.

Од друга страна добра вест е опоравувањето на Одегард, а по паузата се враќаат и Калафиори односно Томијасу.

 

ПретходноМакедонија со тест против Косово
СледноРФМ исплати премии во износ од пет милиони денари