Германскиот бундеслигаш Хофенхајм и официјално го назначи Кристијан Илцер за нов тренер на тимот. Илцер пристигнува од австриски Штурм. Тој потпиша „долгорочен договор“, без да бидат соопштени повеќе детали.
Весникот „Билд“ откри дека договорот на стратегот е до 2027 година, а Хофенхајм платил трансфер сума од 2,5 милиони евра.
Илцер го замени Пелегрино Матарацо, кој беше отпуштен во понеделникот по ремито 0-0 со Аугзбург.