Чаир ги отвора вратите за двата меча против Колехио де Гаиа

43

Последниот македонски претставник во европските ракометни купови во женска конкуренција, екипата на Чаир, ќе ги отвори вратите во салата Автокоманда за сите вљубеници во ракометот. Како што објавија од клубот, влезот во салата за двата меча со екипата на Колехио Де Гаиа од Португалија (сабота 16:00 и недела 16:00) ќе биде слободен.

„Почитувани, спортски љубители на ракометот, сакаме да информираме дека сите гледачи кои ќе сакаат да ги следат овие 2 натпревари ќе добијат бесплатни билети.  Сите заедно да го поддржиме нашиот тим и да ја претвориме салата во вистинска арена!“, порачаа од Чаир.

Судии на овој двомеч ќе бидат Eрдоан Витаку и Арсим Витаку од Косово.

ПретходноЛион е пред исфрлање од француската Лига 1!?
СледноАталанта нема проблем да го продаде Лукман, но ако некој добро плати