ЛН: Србија со реми остана во игра за четвртфинале, Хрватска поразена на „Хемпден Парк“ (ВИДЕО)

119

Во еден од најинтересните вечерашни дуели од 5. коло во Лигата на нации, во Цирих се сретнаа Швајцарија и Србија и мечот заврши без победник 1:1. Резултатот повеќе им одговараше на гостите, кои поради поразот на Данска од Шпанија со 2:1, сега во последната рунда ќе имаат шанса во директната пресметка со Данците да се борат и за пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.

Откако Митровиќ промаши пенал во 55’, домашните преку Амбуди во 78’ поведоа со 1:0. Голем бод за гостите обезбеди Терзиќ во 88’ израмнувајќи на 1:1.

Во Копенхаген Шпанија со 2:1 како гостин ја совлада Данска. Головите за Шпанците ги постигнаа Ојарзабал и Перез, додека за Данска погоди Исаксен.

Во А-сегментот Шкотска ја изненади и победи Хрватска со 1:0 со голот на МекЏин во 86’, додека Португалија ја посрами Полска победувајќи ја со 5:1. Два гола постигна Роналдо, а по еден Нето, Бруно Фернандеш и Леао.

Во рамките на Ц-сегментот, Бугарија со голот на Краев победи кај Луксембург со 0:1, додека Северна Ирска со 2:0 беше подобра од Белорусија.

ПретходноНено и Ти Џеј Шортс славеа во Евролигата
СледноКосовските репрезентативци го напуштија теренот во Букурешт (ВИДЕО)