Струмица го запре Борец и се врати на лидерското место

68

Шампионот Струмица со победа од 3:0 на гостувањето во Велес, се врати на врвот во домашното првенство минувајќи го досега непоразениот велешки состав Борец. Струмица покажа дека во моментов е сепак подобар тим и од велешани и сосема заслужено се сели на првото место на табелата.

Во рамките на ова седмо коло, за одбележување е убедливата победа на Шкендија во тетовското дерби со Универзитет во Тетово, како и тесната победа на Вардар на гости кај Весна Пробиштип. Работнички продолжи во добар ритам, овој пат славејќи на гости кај Сушево.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 7. КОЛО

Весна Пробиштип – Вардар 1947 2:3 (25:22, 25:19, 23:25, 23:25, 10:15)       

ГОК Борец – Струмица 47&72    0:3 (24:26, 9:25, 15:25)    

Скопје – Jанта волеј      3:1 (25:19, 25:21, 23:25, 25:20)  

Македонија Џио – Лирија 1:3 (17:25, 25:21, 15:25, 15:25)    

Сушево – Работнички 71&22      1:3 (27:25, 16:25, 20:25, 22:25)

Шкендија – Универзитет во Тетово        3:0 (25:19, 25:19, 26:24)

ТАБЕЛА: 1. Струмица (18), 2. ГОК Борец (17), 3. Работнички 71&22 (16), 4. Штип УГД (15), 5. Шкендија (14), 6. Универзитет во Тетово (12), 7. Лирија (10), 8. Скопје (8), 9. Вардар 1947 (7), 10. Македонија Џио (3), 11. Весна Пробиштип (4), 12. Сушево (2), 13. Јанта Волеј (0).

ПретходноВОНРЕДНА ВЕСТ: Сејдини поднесе оставка, Собрание на ФФМ за крунисување на Омерагиќ на 22 декември!
СледноЛН: Англија се врати во А-елитата, Халанд ја носи Норвешка во најсилната конкуренција (ВИДЕО)