Лидерската тројка не попушта

47

Лидерската тројка во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, продолжи во ист ритам и прокнижа нови три максимални победи со кои полека се одвојува од конкуренцијата. Шампионот Работнички со 3:0 беше подобар од новајлијата Ускана, а идентични победи но на гости обезбедија и одбојкарките на Наковски Волеј и Јанта Волеј.

Во последниот меч од тековната рунда, екипата на Младост УГД славеше над Вардар ЕМ и ја запиша третата сезонска победа.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 7. КОЛО

Работнички – Ускана       3:0 (25:14, 25:9, 25:19)

Струмица – Јанта волеј КВ           0:3 (13:25, 21:25, 18:25) 

Фит фан волеј – Наковски волеј   0:3 (25:13, 25:10, 25:13)  

Младост УГД – Вардар ЕМ          3:0 (25:17, 25:21, 25:19)

TАБЕЛА: 1. Работнички (17), 2. Јанта волеј (17), 3. Наковски Волеј (17), 4. Фит Фан Волеј (11), 5. Младост УГД (9), 6. Вардар ЕМ (5), 7. Струмица (3), 8. Ускана Волеј (2).

ПретходноИзненадување во Битола: Шкупи славеше кај вицешампионот
СледноРоналдо Назарио има генијален план како да ја подигне бразилската репрезентација