Линас Клеиза, менаџерот на литванската кошаркарска репрезентација, во изјава за локалните медиуми пред доаѓањето во Скопје за утрешниот меч со Македонија, вели дека селекторот Куртинаитис и неговите најблиски соработници за овој двомеч со нашата репрезентација составиле тим кој ќе одговори на перформасите на противникот.
„Сакавме да добиеме репрезентација во која ќе имаме добра ротација и добра физичка подготвеност. Противникот има тим во кој има многу ветерани, па сакаме да го искористиме токму тоа со сите наши притисоци. Имаме голема предност во тој сегмент, но дали играчите е успеат да ги имплементираат задачите на теренот е друго прашање. Но, ги имаме сите потребни алатки“, вели Клеиза.
Македонија утре во 18 часот во СРЦ „Кале“ ја пречекува Литванија во првиот од двата ноемвриски дуели во квалификациите за Евробаскетот 2025.