Јувентус го сака Бен Чилвел во јануари

59

По повредите на Кабал и Бремер тимот на Јуентус има потреба веднаш да ја освежи левата бековска позиција. Тоа планира да го направи уште во јануари, во првиот преоден рок кој што доаѓа. Јуве не планира сепак да купува играч туку ќе се сконцентрира на позајмица. А истата за да успее мора да се обратат во некој клуб каде што соблекувалната е преполна и каде што имаат потреба истата малку да се испразни.

Тука во „комбинација“ влегува во моментов членот на Челзи, Бен Чилвел. Тој нема воопшто минутажа во моментов, има одиграно полувреме цела полусезона. Менаџерот на Челзи, Мареска, јасно стави до знаење дека не смета на него, па тука ќе влета Јуве со своите потреби.

Челзи ќе се согласи на позајмица, со нагласок дека Јуве би требало да ја преземе неговата плата, пренесува „Тутуспорт“, што не би требало да биде проблем за да се реши секако поголемиот.

 

ПретходноНиту ние, ниту пак Литванија можеме да заборавиме: Македонија го живее споменот од ЕП 2011 година!
СледноФорбс: Реал Мадрид и натаму е фудбалски клуб број еден во светот