Бутел убедлив во Куманово, висок пораз на Струга, Пролет испушти победа со Прилеп

27

Вечерва се одиграа уште три средби од 12.коло во ракометната Суперлига на Македонија. Бисинов со 37:30 беше убедлив против Струга за втора победа на овој тим во тековната сезона. Инттересно двајца ракометари на Бисинов постигнаа 20 голови и тоа Илиев и Ончев. Ова беше втора победа на Бисинов и втора над Струга.

Бутел со 22:29 успеа да слави важна победа и тоа на гости кај Куманово. Лесна победа во една доминантна игра за гостите од Скопје. Уште на почетокот Бутел покажа дека го интересира само победа и ништо друго па така дојде до својата седма победа во 12-тиот меч во тековната сезона.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Субашевски со 8 голови, додека кај поразениот домашен тим со седум голови беше Димевски.

И во третиот меч во вечерниот денешен термин, Пролет по многу борба одигра без победник 23:23 со составот на Прилеп. Домашните имаа водство, но гостите на седум секунди до крајот успеаја да израмнат. Пролет имаше напад и шут за победа, сепак на крајот овој меч заврши без победник.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Емоции во Валенсија и победа над Бетис!
СледноМилан и Јуве одиграа 0-0: Дерби за заборав на „Сан Сиро“!