Барселона синоќа во Виго испушти два златни бода во битката за титулата. До таа 84.минута имаше 0:2 и се беше како во бајка, но Селта за две минути постигна два гола и на крајот мечот заврши со 2:2.
По се ова голем гнев кај фановите на каталонсккиот гигант. Имено проблемите настанаа по 75.минута кога место Гави во игра влезе Френки де Јонг, кој е и капитен на Барса. Но тој како и обично во последно време, одигра лошо.
Токму на него се кивни фановите и тие сметаат дека тој е виновникот за тоа што Барса не победи вчера во Виго и од претседателот на клубот, Хоан Лапортабараа да го продаде. Инаку Де Јонг после Левандовски има најголема плата во клубот.
“Одма да си одиш“, “Ти не заслужуваш да бидеш капитен“, „Те молиме оди си“, “Ти си ужас“, „Го молиме Лапорта да се ослободи од тебе“, ова се само дел од пишувањата на социјалните мрежи на фановите на Барса за Френки де Јонг.
Инаку во видеото што следува погледнете само како се однесува Холанѓанецот, овој момент ги газгневи сите фанови на Барса:
Frenkie de Jong eres una vergüenza pic.twitter.com/gou3PqpiTC
— . (@lisbett_fcb) November 24, 2024