Дерби пресметка меѓу Вардар 1961 vs Алкалоид во СЦ „Јане Сандански“

475

Последниот меч од 12-то коло во Супер-лигата е резервирано за дерби меч меѓу Вардар 1961 и Алкалоид. Натпреварот е закажан со почеток во 19 часот, а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Првата пресметка и тоа на стартот на сезоната им припадна на ракометарите на Алкалоид, кои на домашен терен славеа со 33-30. Победата против „црвено-црните“ дојде веднаш по освојувањето на Супер-Купот на сметка на Пелистер.

Избраниците на Кирил Лазаров во 12-то коло влегуваат без пораз, имаат 11 победи во низа, а меѓу нив е триумфот над Пелистер. Алкалоид е лидер, има 22 бода, два повеќе од Вардар 1961, па со победа ќе остане во предност не само во однос на „црвено-црните“, туку ќе има плус четири пред Пелистер.

На другата страна „црвено-црните“ сигурно ќе имаат поинаков пристап и можеби смената тактика бидејќи направија тренерска смена, па сега Аргентинецот Милано е задолжен за да го издигне тимот на нивото кое го посакуваат сите во клубот.

ПретходноФановите на Барса удрија по капитенот, го молат Лапорта да го продаде! (ВИДЕО)
СледноЈончевски: Верувам дека е можно чудо, ние сите се надеваме дека можеме да изненадиме!