Е.Пелистер вечерва (20:45 часот) ќе ги одмери силите со Магдебург во првиот осминафинален меч во Европската лига. Во составот на битолчани го нема египетскиот голман, Карим Хендави, кој поради повреда е надвор од стројот и доби поштеда за оваа средба.
Жељко Бабиќ сепак има добра потпора на мрежата, Градимир Чаневски и Благојче Трајчевски добра ја вршат својата задача. Во составот ги нема Невен Стјепановиќ и Цветан Кузмановски, а поради повреди веќе долго време се отсутни Томислав Кушан и Марин Вегар.