ЛШ: ПСЖ против историјата на „Алијанц Арена“, Гвардиола пред ново искушение

146

По неколкунеделна пауза, вечерва се враќаат возбудувањата во лигашкиот дел од најквалитетното европско натпреварување – Лигата на шампионите на УЕФА. Битката во новиот формат денеска ќе донесе девет нови интересни пресметки, овој пат во рамките на 5. коло.

Можеби најголемо внимание од она што го имаме на програмата вечерва привлекува мечот на „Алијанц арена“. Таму германскиот гигнат Баерн (Минхен) го пречекува францускиот шампион ПСЖ. Моменталниот поредок на двата тима во Лигата на шампионите не се совпаѓа со нивните големи амбиции на турнирот, бидејќи Баварците се 17-ти, а Парижаните на 25. место, со шест, односно четири бода по првите четири кола. Баерн оди во овој натпревар по победничката серија од шест натпревари, а исто така е непоразен на домашен терен во групната фаза од натпреварувањето во 32 последователни натпревари. ПСЖ ги загуби последните три средби со Баерн без ниту еден постигнат гол.

Неочекувано, но Манчестер Сити вечерва има клучен меч против Феенорд. Причина за ова е необичната серија од пет последователни порази на избраниците на Пеп Гвардиола. Феенорд исто така го загуби својот последен натпревар на турнирот откако на домашен терен беше поразен од РБ Салцбург. По два последователни натпревари без победа во Примера, Барселона е домаќин на едно од пријатните изненадувања во досегашниот тек од Лигата на шампионите – дебитантот Брест, додека Арсенал ќе има пеколно гостување кај Спортинг во Лисабон. „Лавовите“ кои останаа без тренерот Аморим ги дочекуваат „топчиите“ по четири меча без пораз со три победи во досегашниот дел од ЛШ.

ПретходноБарса има план како да го добие Ѓокерес
СледноНов пех за Динамо (З): Адеми повреден, не игра против Борусија (Д)