Динамо (З) на утрешниот меч со Борусија (Д) ќе мора без нашиот интернационалец, Аријан Адеми. Како што објавија хрватските медиуми, ова е нов голем пех за „модрите“, откако минатата недела тимот остана без Петр Сучиќ до крајот на годината, а сега е потврдено дека против Борусија Дортмунд нема да бидат ниту Петр Мишиќ и Аријан Адеми.
Под знак прашалник е нивниот настап и на неделното дерби против Хајдук на „Пољуд“.